Од утрово сите професори, членови на Универзитетскиот Сенат се пред вратата на Ректоратот. Студентите го блокираат влезот и бараат да се одложи изборот на нов ректор на УКИМ заради нелегитимните претставници на Студентскиот парламент за кои поседуваат документи дека им истекол мандадот. Професорката Елена Градишки вели дека одговорноса за ситуацијата е кај ректорот Велимир Стојковски
– Ова што денеска се случува пред портите на Универзитетот е последица на една правна хаварија, која не требала да се случи , но за жал се случува. Се работи за тоа што студентите во Сенатот се со изминат мандат. Тоа значи дека две години студенти учествувале во донесување одлуки чиј мандат бил поминат.
Во правото се знае – тие одлуки се ништовни, сите одлуки што се донесени со учество на студенти кои имаат изминат мандат се ништовни. Одлуката што е ништовна не произведува правно дејство, како воопшто да не била донесена.
За ситуацијата одговорноста треба да се лоцира единствено во Ректорот. Затоа што согласно законот за високот образование, Ректорот е одговорен за законитото и статутарното работење на Универзитетот и на факултетите. Прашање е зошто Ректорот, ако знаел, а требало да знае, дека студентите се со изминат мандат не го стопирал нивото учесвото во неговиот избор, рече Елена Градишки професор на Правниот факултет.