Градинките и училиштата со засилени мерки против жолтицата

Од:

Засилени превентивни мерки против жолтицата ќе бидат преземени во градинките и училиштата на почетокот на новата учебна година.

Првиот училишен ден ќе започне со час за миење на рацете, предавања за личната хигиена, за начинот на пренесување на заразната жолтица, како и за начинот на превенција.

На влезот од училиштата ќе треба да има поставено и дезифициона бариера, односно дел каде учениците ќе ги дезинфицираат обувките пред да влезат во училниците.

Покрај ова, во Скопје и Штип каде е прогласена епидемија, им се препорачува на директорите на училиштата да преземат одредени мерки за хигиената, а тоалетите да се дезинфицираат почесто, односно пред почетокот на часовите, за време на големиот одмор и по часовите.

Примариус д-р Жарко Караџовски, специјалист-епидемиолог од Институтот за јавно здравје, денеска на прес-конференција информира дека на вчерашната седница на Комисијата за заразни болести е донесена и одлука во следните неколку дена до почетокот на учебната година инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Просветниот инспекторат да проверат на какво ниво е хигиената во училиштата.

– Вирусот ќе се искорени само со одржување на личната хигиена. Не постои волшебно стапче, мерка со која ќе кажеме дека од утре ќе се искорени болеста, посочи д-р Караџовски.

Тој очекува дека ќе има уште заболени бидејќи периодот на инкубација кај заразната жолтица е од 30 до 45 дена.

Нагласи дека болеста не се пренесува преку водата за пиење, туку преку контакт и затоа апелираше граѓаните почесто да ги мијат рацете.

За Скопје и Штип исто така се препорачува локалните самоуправи да спроведуваат задолжително миење на улиците со цистери со голем притисок.

До синоќа во државата се регистрирани вкупно 119 заболени од жолтица. Од нив, 83 се од Скопје, а 36 во Штип. По некој поединечен случај е евидентиран и во Гостивар и Куманово.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска