• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Градежниот сектор стравува дека ќе има проблем со ликвидноста, се бараат превентивни мерки

by А1он02/04/2020 - 15:43534
Share0

Компаниите од градежниот сектор стравуваат дека веќе во април би имале проблем со ликвидноста и оти за брзо време градежништвото може да биде дел од најзасегнатите сектори поради што од Стопанската комора на Македонија бараат превентивно да се делува затоа што краховите во овој сектор најчесто доведуваат до трајни загуби.

Добивај вести на вибер

– Кај градежните компании владее страв од финансиски крах, од една страна заради проблеми со наплатата на побарувањата и од друга страна заради финансиските обврски на компаниите. Владее неизвесност за тоа што ќе се случува со тековните, но и со новите проекти и загриженост во однос на работниците, начинот на нивна исплата и сл. Можноста за нереализација на тековните проекти, заедно со стравот дека сезоната можеби веќе е изгубена е уште една причина заради која компаниите од градежниот сектор стравуваат дека веќе во април би имале проблем со ликвидноста, вели во видео изјава главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, Зоран Јовановски.

Се очекуваат и проблеми околу увозот на градежни материјали поради ограничените услови за увоз, но и поради престанокот на работа на фабриките.

Во вакви околности, компаниите од Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија ги ставаат на услуга на државата целокупните капацитети, подготвени за целосен ангажман и секојдневно искористување на нивните капацитети и ги нудат на располагање на државата целокупните нивни оперативни капацитети, опрема и механизација.

– Светската историја покажала дека во вакви големи економски кризи преку реализација на големи инфраструктурни проекти градежниот сектор многу придонел за повторно заживување на економијата. Затоа, не треба да се кратат капиталните инвестиции што се проектирани во буџетот, ако и се однесуваат на инфраструктурни проекти и тие проекти треба да се реализираат, смета Јовановски.

Градежниот сектор вработува седум проценти од вкупниот број вработени во македонската економија и во изминатите години беше една од главните движечки сили за нејзин раст.

Во моментов, како што информира Јовановски, работењето на градежните компании се одликува со строга дисциплина во вонредни околности. Секојдневно се следат сите активности и доследно се почитуваат сите препораки кои ги пропишуваат институциите и кризните штабови оформени од државните органи. Во некои од компаниите се оформени и  кризни штабови кои секојдневно ги пренесуваат мерките и активностите на официјалните кризни штабови, но и пропишуваат мерки и активности за вработените. 

gradeznistvo

Би можело да ве интересира

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски16/06/2021 - 15:48

Во Македонија се изградиле 2.335 станови во пандемиската 2020 година

Жарко Настоски15/06/2021 - 16:4116/06/2021 - 00:14

ВИДЕО: Сто нови згради и 20.000 нови станари во Расадник, Кисела Вода

Мери Јордановска05/11/2019 - 13:3906/11/2019 - 12:48

Градежниците да не работат на отворено од 11 до 17 часот

Ана Ололовска01/07/2019 - 13:11

Симпозиум за конструкциите и природните катастрофи

Ана Ололовска04/10/2017 - 08:34

Ефикасно планирање со графичкиот регистар на градежно земјиште

Ана Ололовска14/10/2016 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен