Град Скопје: Сите булевари и улици во наша надлежност, се чисти и проодни

Од:

Град Скопје соопштува дека Екипите на зимската служба интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.

Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје, се вели во соопштението, се исчистени и истите се проодни, а на одредни локации екипите на зимската служба на Град Скопје работат со механизација на дорасчистување на коловозот.

Покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија изминативе денови со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 100 работници од ЈП „Комунална хигиена“, како и 80 од ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.

Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година