Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и овој немил настан го злоупотребува за дневен политички профит

Од:

Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред, реагира Град Скопје на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он