Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да се консултира со „шпицниот-рекетар“ пред да пушта соопштенија за приватните превозници

Од:

Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар“ да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз“ каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар“ наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници реагираат од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое беше прозвана да каже зошто лажела за долгот кон приватните превозниците.

– Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се служи со лаги и со манипулации. Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место – директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар“. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар“, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци. Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници се наведува во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела