ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници

Од:

„Го поздравуваме чекорот со кој приватните превозници постигнаа договор со Градот Скопје, и исплата на долгот од 1.5 милиони евра кој Данела Арсовска конечно го призна дека постои“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на фактот што истото го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ во континуитет, а Арсовска и нејзиниот коалиционен партнер Апасиев, и уценетата ГРОМ велеше дека наводно така сме штителе приватен интерес, не обраќајќи внимание на посочениот факт дека нема поголем интерес од правото на јавен превоз кој Арсовска го и скрати, јавно прашуваме:

Апасиев да одговори дали се уште мисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес?

Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници?

Дали власта во Градот Арсовска, Апасиев, СДС и ГРОМ се спремни да ги подмират штетите од хаосот со јавниот превоз“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ