Град Скопје: „Вардариште“ работи согласно принципите за хуман третман на животните

Од:

Град Скопје е згрозена од лажните и клеветнички обвинувања на здружението „Анима Мунди“ во однос на третманот на бездомните кучиња во центарот „Вардариште“. Покрај овие фабрикувани и невистините обвинувања, навистина не знаеме зошто овие лица протестираат против работата на Град Скопје, која е единствена единица на локална самоуправа во Република Македонија која има хуман третман за бездомни кучиња, стои во реакцијата на Град Скопје по денешниот протест на Анима Мунди.

„Стационарот „Вардариште“ работи согласно сите законски прописи на Република Македонија и според сите одлуки донесени од страна на Советот на Град Скопје.

Овој стационар работи професионално согласно принципите за хуман третман на животните – ЦНР програма (catch, neuter, release – “залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Оваа Програма е поддржана од Светската здравствена организација. (WHO), а одобрена од Советот на Град Скопје. Сите лица коишто работат во стационарот се вработени со поминати стручни обуки од страна на експерти од Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA), а истите секоја година доаѓаат во ненајавени инспекциски посети и досега немале забелешки за работата на стационарот за кои се обвинува од страна на „Анима Мунди“.

За потсетување, од 2009 година до сега:

– Капацитетот на стационарот „Вардариште“ е зголемен двојно. Објектот е изграден според европски стандарди и во него се сместени 48 нови боксови за сместување и хуман третман на заловените кучиња скитници.
Боксовите се составени од дневна соба со димензии 1,5 метри на 1,5 метри (заградена со метална мрежа и врата) и спална соба со димензии 1,5 метри на 1,10 метри (изградена од бетонски блокови, а на предната страна има метална врата). Притоа се запазени соодветните комуникации што овозможуваат непречено движење и прием на кучиња.
За проширување на стационарот „Вардариште“ Градот Скопје потроши околу 7 милиони денари.
– Набавени 10 кафези, јамки и мрежи за заловување, како и две сафари пушки. Се планира набавка на уште една сафари пушка. Новата опрема ќе придонесе за похуман начин на заловување и третман на уличните кучиња. За набавка на опремата се потрошени околу 5.000 евра.

– Градот Скопје и ЈП “Комунална Хигиена” ги поддржуваат сите активности за вдомување на бездомните животни.

Дополнително, зачудува фактот што ова здружение, кое наводно се грижи за третманот за бездомните кучиња, досега не покажало никаков интерес за случувањата надвор од Скопје и не реагирало за третманот на животните, на пример во општините Струмица или Куманово.

Апелираме до здружението да и објаснат на јавноста, зошто на средби со граѓаните (кои се одржаа на наша иницијатива и покана) на кои требаше да им ја објаснат појавата на напади од страна на бездомни кучиња, истите соочени со револтот на граѓаните и во отсуство на било какви аргументи, избегаа од овие средбите и било какво соочување со нив.

Би сакале да ги прашаме од „Анима Мунди“ дали тие се подготвени да се соочат со сите последници и трошоци кои произлегуваат од нападите на агресивни бездомни кучиња на граѓаните на Скопје, или како и досега ќе се користат со евтини ПР трикови и клевети за дефокусирање на јавноста од реалите состојби“, реагираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он