Град Скопје: СДСМ со препукувањата не им помага на граѓаните, потребни се реални и ефикасни решенија од страна на Владата

Од:

„Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа“, реагира Град Скопје на соопштението на СДСМ.

„Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции.

Алармантна е целата ситуација, а ние две недели се докажуваме кој што треба да прави во услови кога механизмите се во Влада. Ова требаше да се заврши како процедура уште пред пет месеци и да бидеме подготвени за ова сценарио.

Град Скопје уште еднаш ја повикува Владата да покаже одговорност и итно донесе јасен план за помош на граѓаните, како што постапи секоја Влада во состојба на енергетска криза“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот