Град Скопје: Нема да се рушат објекти во СРЦ „Борис Трајковски“

Од:

Град Скопје ги демантира и отфрла наводите изнесени во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде истите тврдат дека ќе се рушат дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на тоа место ќе се развива бетонска џунгла.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за регулациски план, којшто е донесен одамна, а со истиот се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти. Истата е сервисна уличка, а не булевар како што манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ, и истата може, но немора да биде изградена во иднина“, велат од Град Скопје.

Во соопштението истакнуваат дека целосно демантираат дека во овој дел од градот ќе се градат згради, како и дека се планира уривање на некој од постоечките објекти од СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

ЦГК: По две поништени постапки, „Икарус“ и „Зонгтонг“ од конкуренти станаа партнери за набавката на електрични автобуси

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он