Град Скопје контра МВР: Немаме издадено дозвола, возачот на камионот е приведен и изведен пред суд

Од:

Град Скопје спротивно на тврдењата на Министерството за внатрешни работи, посочува дека тие не издале дозвола за движење на камионот на плоштадот Македонија, а кој пропадна во фонтaната. За „А1он“ од градот велат дека кај нив имало само поднесено барање, но не и издадена дозвола. Ова ќе значи дека компанијата која е сопственик на возилото ќе треба да плати и казна.

„Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање“, велат од Град Скопје .

Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд.

„За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок“, додаваат од Град Скопје.

Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава, најавија оттаму.

Камионот пропадна утринава, неколку минути пред седум часот. Возилото на турската фирма е четврто по ред, кое пропаѓа во фонтаната изградена во време на градоначалникот Коце Трајановски. Претходно, за време на фестивалот „Пиволенд“ пропадна камион. Исто така и во 2017 година при пречекот на ракометарите на „Вардар“ пропадна возило. Лани, се преврте машина на „Комунална хигиена“.

Површинската фонтана во центарот на Скопје е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Од МВР изјавија дека правното лице сопственик на камионот, имало дозвола за движење, како и дека увидот е во тек.

„А1он“ праша и колку досега штета има наплатено Град Скопје од сопствениците на возилата кои пропаднаа во оваа фонтана за штетите кои ги направија, но оттаму не одговорија.

Би можело да ве интересира

Дневна програма и вечерна забава утре на празничниот базар на плоштадот „Македонија“

ВИДЕО: Запросување кај „несреќната“ елка на скопскиот плоштад

Камионот кој пропадна во фонтаната имал дозвола за влез на плоштадот од Град Скопје

Кристијан Ландов

Повторно пропадна камион во подната фонтана од 2,5 милиони евра на Плоштад Македонија

Горан Наумовски

Комунален камион повторно пропадна во фонтаната на плоштадот

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Визија Скопје“ покажа како би личел плоштадот во Скопје ако останеа дрвјата

Маја Илиевска-Пачемска