Град Скопје: Голиот популизам и лицемерието на советниците од ВМРО-ДПМНЕ се погубни политики за граѓаните

Од:

Град Скопје реагира на како што велат „лицемрните и популистички тврдења што ги изнесе советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во нивното последно соопштение“.

„Популизмот што го демонстира ВМРО-ДПМНЕ е чиста хипокризија и доказ дека советничка група на ВМРО ДПМНЕ ниту го застапува јавниот интерес, ниту пак се грижи за граѓаните и нивните потреби.

Голиот популизам што го негуваат и им стана примарана и единствена политика е веќе добро познат за граѓаните и конечно самите советници треба да сфатат дека таквите политики што ги водат се погубни и не наоѓаат никакви симпатии, дури и кај нивното членство“, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

„Сето ова што го бараат, немаше да биде лицемерно, ако истите тие не молчеа кога безобразно и немисосрдно се трошеа стотици милиони евра, пари на граѓаните, за градење Скопје 2014. Истите тие, зошто тогаш не бараа парите од скапите палми што се исушија, да не бидат пренаменети за граѓаните, зошто тогаш не коментираа кога врбите од 250 000 евра што се садеа во Вардар се непотребни и со парите да се направи конечно нешто корисно за главниот град? Зошто не мислеа поинаку кога се градеа галиите, кога се правеа барокните фасади или кога се бетонираше и унаказуваше центарот на Скопје? Зошто тогаш не мислеа на сиромаштијата на граѓаните кога нивните сопартијци јадеа и се гоштеваа со бизони на државна сметка? Дали тогаш тие пари беа оправдани за нив и не го заслужуваа интересот на граѓаните, туку само ја задоволуваа ненаситноста на нивниот партиски врв? Дали?

Дополнително лицемерно е јавно да се глуми и говори за грижата за граѓаните во овие услови на пандемија, а од друга страна истите да организираат партиски собири и состаноци каде не се носат маски и не се почитува протоколот за заштита од пандемијата.

Конечно, за разлика од владеењето на ВМРО ДПМНЕ со Град Скопје, овојпат, имаме градоначалник што се грижи и секогаш работи за потребите на своите сограѓани и без разлика колку тоа да ги боли и не им се допаѓа на советниците на ВМРО ДПМНЕ, Град Скопје ќе продолжи да го застапува и удоволува интересот на граѓаните, којшто е прв и единствен во работењето на градоначалникот Шилегов и администрацијата на Град Скопје“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он