Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: За диносаурси и лампиони Шилегов троши над пола милион евра

Од:

„Фрапантни се податоците дека за пластични диносаурси и украсување со лампиони Шилегов ќе потроши вкупно 525 илјади евра, во исто време кога не дава ниту денар за борбата против корона.

Новите пластични диносаурси кој ги набави Шилегов за Золошката градина градот Скопје го чинат 325 илјади евра, дополнително Шилегов ќе потроши 200 илјади евра за лампиони, светилки и новогодишно улрасување на градот“, вели Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Со вкупно 525 илјади евра можеше Шилегов да купи најмалку 15 возила за итна медицинска помош, да се изградат неколку монтажни ковид центри, да се купат 1000 лап топ компјутери за дечиња кои не може да ја следат он лајн наставата која се организира поради заштита од короната.

Шилегов даде предност на лампиони и диносаурси наместо на набавка на болнички возила, монтажни болници, лап топ компјутери за учениците кои ги немаат.

Лудило е да се трошат пари за лампиони, а да нема за средства за спас на животи и помош на граѓаните. На Скопје му треба градоначалник работник, а не лампион градоначалник“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски