Град Скопје го одложи вонредното прскање против комарци поради лошото време најавено за утре

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци за 25.08.2020 година (вторник) се одложува за наредниот ден.

Жителите на главниот град изминатите неколку дена се жалат на зголемен број комарци, кои се намножија и покрај тоа што пролетва и летово градските власти повеќепати организираа авионско и земјено прскање.

Вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира
на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови, информираат од Град Скопје.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски