Гостиварец убиен во масовна тепачка

Од:

52-годишен човек од Гостиварч починал отокао бил избоден во тепачка во која учествувале повеќе лица. Инцидентот се случил поради нерасчистени семејни односи. Човекот починал на Комплексот клиники „Мајка Терезе“.

– На 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар учествувале во физичка пресметка. Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С. информираат од Министерството за внатрешни работи.

Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

ВИДЕО: Познат актер убиен пред неговиот дом во Лос Анџелес, убиецот сам се пријавил

Трагедија во Белград: Пензионер е убиен со секира, осомничениот и се предаде на полицијата

Горан Наумовски