Гошева, нема никаков преседан во одлуката на Уставниот суд

Од:

За поздравување е ставот на Уставниот суд да распрваат за поднесената Иницијатива, дотолку повеќе што се согледува некакво враќање во нормала на оваа институција која излезе надвор од својот колосек во изминатиот период.

Но истовремено зачудува размислата на првиот човек на Уставниот суд со завземен став дека ќе направи преседан и ќе пристапи кон одлучување кон Иницијативата.

Со пристапување кон постапување по Иницијативата, во конкретниот случај воопшто не може да стане збор за никаков преседан, а тоа го потврдува Деловникот за работа на Уставниот суд, кој Деловник точно ги предвидува условите и делокругот на работа на Уставниот суд.

Имено, Одлуката за распуштање на Собранието и за спроведување на избори секако претставува Општ акт, но во секој случај, Деловникот за работа на Уставниот суд децидно предвидува услови за одлучување и кога станува збор за поединечен пропис, и тоа како заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот кога се прекршени во делот на политичкото здружување и дејствување.

Во тој смисол, ваквата Одлука е неуставна и незаконита како од моментот на нејзиното донесување, така и со подоцнежни активности на чинители кои беа директно поврзани со спорната Одлука, а за која неуставност и незаконитост го изнесов ставот на ден 15.05.2016 година.

Од изнесените причини Уставниот суд има обврска да постапува по ваквата Одлука и тука нема никаков преседан.

Но не само што цитираната Одлука е неуставна и незаконита, но истовремено истата е и неспроведлива.

Имено, не само што ќе биде нарушен плурализмот, а кој претставува слободно и јавно изразување и застапување на различни мислења и ставови, но истовремено, имајки го предвид Амандманот 10 кон Уставот на РМ, а кој Амандман го предвидува Бандитеровото мнозинство при одлучувањето за редица на прашања за кои е потребна согласност на претставници од заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, а за кои Собранието е надлежно да одлучува, па со учество само на една партија во Собранието на РМ, истата нема да биде во објективна можност да носи редица закони за кои е потребно Бадинтеровото мнозинство.

Исто така, не само што нема да може да одлучува, но Собранието нема да може да го оснива ниту Советото за меѓунационални односи, а кој совет претставува Уставна категорија и Уставна обврска на Собарнието, со што истото претставува дополнителна неуставност на Одлуката, со што ваквата Одлука не може да предизвикува никакви правни дејствија и истата треба да биде поништена.

На тој начин, конститутивната седница што би требало да ја свика Претседателот на Собранието на РМ, би претставувала се друго, само не би претставувала конститутивна седница на Собрание, кое ќе треба да ги изразува потребите на граѓаните, сето тоа од причина што потребите на граѓаните нема да бидат на никаков начин претставени во таквото Собрание.

Во такви услови, ниту конститутивната седница нема да го има значењето на конституирање, ниту таквото Собрание нема да го има значењето на Собрание, од причина што истото ќе нема можност да ги извршува своите обврски.

Од изнесените причини, постои единствено обврската на Уставниот суд да расправа по поднесената Иницијатива (но и без поднесена Иницијатива Уставниот суд ги има овластувањата и самоиницијативно да постапува), без било какви примеси за преседан при одлучувањето, со единствена можна разрешница – поништување на Одлуката за распуштање на Собранието и распишување парламентарни избори на 05.јуни.2016 година.

Уставни судии – го направивте вистинскиот потег….довршете го.

Адвокат – М-р. Стојанче Геровски

Би можело да ве интересира

Од рудник за бакар до позелена иднина: Животно патување на еден геолог

Катерина Ѓуровски

Македонка во Италија за коронавирусот: Повеќе се плашам за моите љубени во Скопје отколку за себе

А1он

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Кога ѓаволот ќе дојде по своето

Кристијан Ландов

Нема играње со трпението на моќта

Наум Локоски