Гори Моноспитовското блато

Од:

Пожар се појави денес во Моноспитовското блато. Таму гори трската во внатрешниот дел на Блатото, кое е последното мочуриште во Македонија.

Според очевидци, од овој природен резерват се издигнува висок пламен, а пожарникарски возила се упатени кон местото на пожарот.

Покрај овој, активен е пожарот во близина на селото Штука. Таму гори сува трева и екипи на ТППЕ Струмица се упатени таму на гаснење.

Гори и во близина на селото Дабиле, а претпладне струмичките пожарникари итервенираа на пожар на отворено во близина на Струмица.

Синоќа гаснеа шумски пожар во близина на хидроакумулацијата „Водоча“. Таму пожарот избувнал околу 17,30 часот при што биле зафатени сува трева и зимзелени дрвја.

Пожарот е целосно изгаснат синоќа околу 21 часот.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари