Горан Грујовски и Никола Бошковски сепак одат во притвор

Од:

Горан Груе=јевски, поранешен началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), и неговиот подреден ќе одат во притвор, а шефот на кабинетот на екс директорот на УБК, Тони Јакимовски, ќе остане без пасош, одлучи Кривичниот совет од пет судии во Врховен.

Сите тројца се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски. Јакимовски е генерален директор на СЕЛЕК, антикриминална организација со седиште во Букурешт.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кога и да се случи тоа тие се подготвени да постапат согласно одлуката и законите и да ги спроведат обвинетите во притвор.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов