Горан Грујоски, осомничен во „Трезор“ треба да се појави во суд

Од:

Горан Грујоски, поранешниот директор на Петтата управа на УБК, треба денеска да се појави на распит во Кривичниот суд за случајот „Трезор“.Од Специјалното јавно обвинителство за Грујоски побараа притвор.

По распитот. судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на Грујоски или ќе му дозволи да се брани од слобода.

Судија на претходна постапка треба да одлучи и за предлогот на СЈО за определување на мерки за претпазливост за останатите тројца осомничени за кои е побарано од Судот да им ги одзеде пасошите.
Според информациите, на распитот треба да присуствува и обвинител од СЈО, кој ќе треба да образложи зошто се бара мерката притвор. Потоа, судот ќе одлучи дали ќе му се одреди притвор или не.

Вчера СЈО ги презентираше деталите од „Трезор“, според кој постојат основани сомневања за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија, во вкупна вредност од 862.045 евра, искористени за лично богатење и стекнување имотна корист.

Осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од Министерството за внатрешни работи.

Грујовски е еден од осомничените и во случајот „Тврдина“. Грујоски во март самиот се појави во судот, по што му беше одреден притвор во траење од 30 дена. По неколку дена, судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски