Полицијата трага по Горан Грујевски, не ги чекал во својот дом

Од:

Полицијата вечерва не го пронајде Горан Груејевски, поранешниот началник на УБК, во својот дом. Не е јасно ниту дали е приведен и Никола Бошковски, со оглед дека првично беше кажано дека е пронајден во својот дом, а потоа дека не е пронајден. На терен се трага по двајцата за што полицијата не потврдува дали се во бегство.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

Грујевски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски. И за двајцата Врховниот суд ја потврди мерката притвор.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов