Големи очекувања од денешната лидерска средба

Од:

Четворицата партиски лидери во Македонија уште еднаш денеска ќе седнат на маса за да изнајдат компромис кој ќе ја оконча политичката криза и ќе ја врати стабилноста на земјата. Како и претходно, набљудувачи на средбата ќе бидат амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Сите очекувања од некаков исход се вложени во денешната средба која следува откако спротивставените страни побараа уште неколку денови за консултации, по разговорите кои се одржаа на 29-ти јуни. Изминативе денови се реализирале интензивни разговори меѓу преговарачките тимови, а и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека во меѓувреме се случуваа средби меѓу партиите, но со посредство на амбасадорите.

Според партиски извори, до сега се одржале и две средби меѓу Заев и премиерот, Никола Груевски, а втората било синоќа по свечениот прием во амбасадата на САД.

Познато е дека преговорите запнаа околу организацијата на Влада која треба да ги спроведе следните предвремени парламентарни избори и околу временскиот рок во кој Груевски би се повлекол од премиерската функција. Сепак станува збор за цел пакет решенија кој треба да се прифати од сите страни за да стане збор за договор.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска