Голема престрелка во Арачиново, повеќе луѓе се ранети и уапсени

Од:

Тежок инцидент со огнено оружје се случил вчеравечер во скопско Арачиново, а во престрелката се ранети повеќе лица, соопшти полицијата, од каде додаваат и дека тројца осомничени се приведени во врска со случајот.

„На 16.06.2021 во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица биле приведени М.А, М.С.(35) од с.Страчинци и Н.Џ.(27) од с.Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02.00 часот, по претходна расправија, во с.Арачиново, скопско, М.А.(31) од с.Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од с.Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него“, се вели во соопштението од МВР.

Полицијата информира и дека еден од ранетите во престрелката дошол во скопската Градска болница, каде лажел дека е повреден во сообраќајна несреќа, пред да замине без да го прегледаат лекарите.

„Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите. Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила“, велат од МВР, додавајќи дека се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР