Голема поддршка во Советот на ЕУ за португалскиот предлог за Скопје и Софија

Од:

Високи дипломатски извори потврдија за МИА дека меѓу земјите членки на Европската Унија има „огромна“ поддршка за предлогот што го поднесе португалското претседателство неодамна за надминување на спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

За неколку дена министрите за европски работи на 27-те земји членки на ЕУ ќе се состанат во Луксембург каде ќе дебатираат за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија и одржувањето на првите Меѓувладини конференции со овие две земји.

Португалија, која вложи големи напори во процесот на помирување помеѓу Скопје и Софија преку формален предлог, не се откажува од можноста да се изнајде решение до 22 јуни помеѓу двете страни, многу ќе зависи и од резултатите од билатералните преговори на највисоко ниво, кои се во тек.

-Португалскиот предлог има за цел да го отвори патот за изнаоѓање прифатливо решение кое ќе ги земе предвид преокупациите на земјата членка и на земјата кандидат, но се разбира дека е суштински да се земат предвид преокупациите и на сите други земји во Советот, одлуката се носи едногласно. Има повеќе контакти на различни нивоа, на највисоки нивоа, португалскиот претседател отпатува во Софија во првите денови на јуни и има огромна заложба од претседателството за изнаоѓање решение, објасни за МИА висок ЕУ дипломат инволвиран во процесот.

На последниот амбасадорски состанок на почеток на оваа недела помеѓу земјите членки на ЕУ се разговарало исто така за Северна Македонија и дипломатите потврдуваат дека поддршката за португалскиот предлог е многу голема.

-Сега очекуваме после билатералните контакти на највисоко ниво помеѓу земјата кандидат и земјата членка да донесеме одлука на Советот за општи работи, амбицијата на португалското претседателство беше да се отворат преговорите и со Северна Македонија и со Албанија, и тоа останува амбиција на португалското претседателство и натаму, објасни висок дипломатски извор за МИА.

Повеќето земји членки на ЕУ исто така оценуваат дека Тирана и Скопје не треба да бидат одвоени.

Меѓутоа до сега од македонска страна пораките се воздржани. Премиерот Зоран Заев при последната посета на Брисел во понеделникот и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев, повтори дека не сака да ги крева очекувањата на граѓаните за зелено светло на 22 јуни со оглед на тоа дека во Бугарија има техничка влада.

Би можело да ве интересира

Заев: Ние ги исполнивме условите, Брисел нека се јави кога ќе одлучи да го продолжиме процесот

Жарко Настоски

Пријателите на С. Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ

Ана Ололовска

Средби на вицепремиерот Димитров со министрите од ЕУ – силна поддршка за европското досие на С. Македонија

Ана Ололовска

Како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме, побара Димитров од европските министри

Жарко Настоски

Димитров: Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа

Ана Ололовска

Европа мора да го бара својот нов лик, вели Ќучук, известувачот на ЕП за Западен Балкан

Жарко Настоски