Масовен протест против пресудата за „Монструм“ се најавува во петок во Скопје преку социјалните мрежи, каде кружи фотографија во која се повикуваат Албанците од сите албански држави да се приклучат на протестите.
– Ги повикуваме Албанците од Скопје, Гостивар, Куманово, Струга, Охрид, Приштина, Призрен, Пеќ, Тирана, Валона, Скадар и албанците од Грција да ни се придружат во знак на поддршка – се вели во повикот.
Почетокот на протестот е најавен пред Јаја Паша џамијата во 14: 00 часот, по завршувањето на петочната молитва, по што ќе се упатат пред зградата на Владата.