Голем пожар во Вардариште, цел Аеродром без струја

Од:

Голем пожар има во депонијата Вардариште, каде се издигнува голем густ чад.

Исотвремено во целата населба извесно време нема ниту електрична енергија.

Поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од Електродистрибуција велат дека нивни екипи се упатени на лице место со цел санација на дефектот.

Центарот за управување со кризи ЦУК исоопшти дека се работи за пожар на дивата депонија Вардариште.

-Во прашање е поголем пожар каде што е зафатен поголем простор, но можно не и постар објект. Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.

Би можело да ве интересира

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд