Работник кој вршел замена на излолатори на далновод во Маврови Анови се здобил со изгореници од прв и втор степен откако доживеал струен удар.
Како што информира СВР Тетово, станува збор за Д.К. од скопско Кадино.
Тој е згрижен на скопските клиники и е надвор од животна опасност.
Според истрагата, инцидентот се случил околу 13.30 часот. Работникот, анагажиран преку фирмата „Електро-Комерц“ од Скопје, бил качен на столб од далновод кој минува покрај браната на Мавровското Езеро на висина од 12 метри.
Од се уште не утврдени причини доживеал струен удар и притоа изгубил свест, но сигурносниот појас не дозволил пад.
Четворицата колеги го симнале и брзо го пренеле во гостиварската болница.
Поради сериозноста на повредите и изгорениците, тој е пренесен на скопските клиники.
Непосредно по пријавата, увид на местото извршиле истражен судија, јавен обвинител и полициска екипа.