„Го сакам ГТЦ“: Изградбата на лифтот е стопирана, не е извлечена поука од минатото

Од:

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ реагираше за изградбата на лифт на влезот од Градскиот трговски центар, посочувајќи дека не е извлечена поука од неодамнешните протести кога активисти реагираа за да објектот го задржи својот архитектонски стил, односно, да не биде трансформиран во барок.

Оттаму велат дека изградбата на лифтот кај спиралните скали во време на рестриктивно движење и здравствена криза со право предизвикало реакции кај граѓаните, припадниците на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и особено кај архитектите.

„Во име на иницијативата Го сакам ГТЦ на оваа тема се воспоставени контакти со надлежните и остварена е средба со директорот на ГТЦ и неговиот потесен тим. Во овој момент сите работи на оваа бесправна градба се запрени и се надеваме нема да бидат продолжени со оглед дека претставуваат сквернавење на објект со атрибути на културно наследство и симболика на граѓанската борба за Скопје. Свесни за потребата на развој и “живеење“ на ГТЦ се надевавме на редовни консултации со стручната фела, однапред за било која интервенција на објектот, што и не беше случај со скорашната реализација на кровната градина!“, информираат од инцијативата „Го сакам ГТЦ“.

Тие очекуваат надлежните институции да ја отстранат бесправно поставената челична конструкција, со издавање на решение за рушење, како и враќање на тој дел од ГТЦ, како што изгледал претходно.

„Се надеваме дека сите чинители сериозно ќе ја сфатат состојбата и ќе се откажат од ова непромислено и брзоплето решение на некои нејасни интереси изнесени од менаџментот на ГТЦ. Иницијативата ‘Го сакам ГТЦ’ и понатаму будно ќе го следи овој процес и упатува апел настанатиот проблем да се реши во рамките на институциите но доколку е потребно спремна е целиот свој капацитет и сите средства да се спротистави на било која непромисленост“, додаваат од „Го сакам ГТЦ“.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов