ГЛУП И ПОГЛУП

Од:

Седам и гледам свемирски баскет НБА, вистински виртуози. Нафрлени топки,скокови, шу, закуцуење, а бе вистински шоу. Овации, аплаузи, радост, воодушевување, навистина да човек се внесе во атмосферата вистинско лудило. Си велам а, бе НБА играчиве се невиден тим, тим кој победува или губи ама секаде има тандеми кои се одговорни за се па дури и кога губат и кога победуваат. Па и ние имаме доста тандеми во оваа наша владеачка структура.

На пример таков тандем, невиден на овие светски простори е двоецот Груевски и Тодороф. Им се восхитувам на енергијата која ја вложуваат додека зборуваат, ода, гестикулираат, објаснуваат. Па, плус кога се пред камери како се местат, какви анализи, осврти кон нештата, погледот, ставот, нешто невидено. Течат потои, мукаат крави, паѓаат талпи, држат кациги, кабли искинати, пајажини, цевки, се стегаат за глава, проверуваат прозорци, зборуваат на телефони и во секунда решаваат проблеми, а бе, НБА не им е равна народе, таков тандем немало до сега.

Е, па ваков тандем кој суштински ништо не направи, а се даде на популизам и деструкција, каде успеа да ги покаже сите досегашни грешки и мани што ги направи во оваа деценија од нивното неработење и замајување и проба бродот кој тоне да го спасува, јас си го нареков овој тандем, ГЛУП и ПОГЛУП. Баш поради фактот што успеваат секогаш да ме насмеат и од нивните усти да излезе толку смешни и провидни лаги што дури комичарите од стенд-ап комедиите би им позавиделе. Легендарното прашање насочено од Груевски кон Тодороф шаблонски звучи, Никола, нели е така Никола ? А, бе сам се прашува и како и сам да си одговара.

Да, да, така е уште џоистиците да ги носев ќе ви покажев како се оперира па можеби и вие ќе научевте лесно е тоа Никола. Смеа невидена. Ај, Никола да одиме да отвориме по 10 ти пат некоја болница, а што викаш? Е, па ајде ќе ги удриме во сржта на душманите ќе одиме во Струмица, таму Бонева прво отвараше, а сега и ние ќе одиме па ќе кажеме еве го пак новиот блок проработе , дуо фантастико . Луѓе мои, а од зад нив жици висат, пур пена на ѕидовите неваросани, цевки се гледаат на сите страни, клима нема Николите се потат, марионетата од премиер го стега главата, а бе филм, филм од епски размери најдобрата комедија ГЛУП И ПОГЛУП ама во Македонска режија и изведба. Никола, од кога е готов новиот блок?

Па едно неколку години наназад ама наскоро ќе е финализиран па пак ќе може да одиме нели? Ова е само приказ на вистинската трагикомедија која ни се случува нам, нам на народот и на белите мантили, а директорите и послушниците ваши кои немо и сеуште покорно стојат како млади невести пред вас вешто истренираните актери и тандеми тоа и ќе им остане, деградација и резил за понатака. Секое појавување на овие апокалиптични тандеми и сите изречени нешта од нивните усти се сеуште еден пробен ама веќе издуван балон со кој веќе никој за среќа не може да се игра тоа е еден балон од лаги, лаги кои веќе се излитени и проѕирни.

Балонот наскоро ќе пукне. Тодороф жалосно е да се појавуваш и кажуваш нешто што навистина е научна фантастика , едукациите со кои се фалиш, земи математичар убаво да ти пресмета за да не ги вадиш бројките од џеб и да ти се пак испукан ќорак, 6 години си министер по 300 специјализации годишно е огромна бројка, а бе ОН-ОФФ, математика 2 (двојче) а? За едукацискиот туризам нејќеш реално ниту да прозбориш. На сите колеги кои се отидени на едукација во странство, дали си ги прашал колку едукација добиле и дали воопшто им било дозволено да поработаат и пробаат нови методи. Имаше една песна која велеше дека од гледање фајде нема. Трошоците за тие едукации се енормно високи, а се многу малку корисни. Но, тоа не е СЕ. Медицината после толку години министерување ја сврте кон градежништво и ти како твојот лидер стана голем градител, знаеш до милионче колку средства се одвоени, а за жал герила акциите од народот дека немаш основни средства за работа во болниците не ги знаеш, колите за брза помош расипани, гел за ехо апаратите немаш, лекарства, игли, шприцеви, реагенси, ужас. Медицината не е градежништво туку наука за спасување на животи. Научниот кадар и новите лекарства, модерната апаратура лекува, а не голите ѕидови. И се надевам дека за скоро ќе откриеме кој е кој во оваа трагикоедија кој е ГЛУП, а кој ПОГЛУП.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска