Глас за Македонија: Вчера беше забранет уредно пријавен протест на движењето Бојкотирам

Од:

Во стилот на црна диктатура, во саботата на 15 декември, беше забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е партијата ГЛАС за Македонија. Со тоа е згазено нашето уставно гарантирано право на мирен протест, велат од партијата Глас за Македонија.

„Изразуваме гнев кон црните орди кои решиле по секоја цена да го спречат народот да го изрази своето незадоволство од насилното менување на Уставот, промената на името на државата и од корумпираниот процес кој е во тек. Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој против уставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур“ велат од Глас за Македонија.

Тие додаваат дека паралелно со правната битка, ќе протестираат и ќе инсталираат нужна опрема на многу место и ништо нема да може да ги спречи.

„Најмалку, имбецилните оправдувања дека од Кампусот Македонија инсталиран пред зградата на Владата, истата ќе сме ја гранатирале. Прашуваме, дали од страв од народот сеуште не е тргната оградата пред Владата? Потсетуваме дека ‘шарените’ со месеци протестираа во инсталиран камп пред истата таа зграда, блокирајќи ги двете насоки на булеварот. Ако тоа беше ‘режим’, како може да се нарече оваа странска инсталација која од народот бега како ѓавол од крст? Протести допрва ќе има, со дозвола или без неа. Впрочем нека го прочитаат Законот за протести каде пријавувањето на протести е ставен со ‘може’ да биде пријавен, но не мора. Полицијата нека се позанимава со секојдневните пукотници и мафијашки пресметки, а не со мирниот народ кој си ја бара правдата. Оградата чекаме да биде тргната“ велат од Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска