ДУИ: Граѓанската иницијатива „Бојкотирај ги маркетите“ сега се шири и во Македонија

Од:

Демократската унија за интеграција изразува најдлабока загриженост за алармантната состојба што се случува во земјава, каде што граѓаните се принудени сами да се организираат за да ги заштитат своите интереси пред неподносливото зголемување на цените на основните прехранбени и други производи. Граѓанската иницијатива „Бојкотирај ги маркетите“ сега се шири и во Северна Македонија, означувајќи критичен момент за владата и институциите на државата, велат од ДУИ.

„Оваа иницијатива е последен знак на народ што е уморен од арогантна и неспособна влада, која не презема ниту еден конкретен чекор за да ги заштити граѓаните од економските удари и социјалните неправди. Во минатото, нашата влада, иако не секогаш доволно, преземаше мерки за ублажување на ефектите од кризите.

Но денес, оваа влада не само што не успеа да делува, туку покажа невидена рамнодушност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните. ДУИ најостро ја осудува неспособност на актуелната влада да ги искористи институционалните инструменти за заштита на своите граѓани.

Оваа ситуација го разоткри целосниот неуспех на оваа влада да обезбеди економска стабилност и благосостојба за граѓаните. Ароганцијата и недостатокот на одговорност на оваа влада ги принуди граѓаните да ја земат ситуацијата во свои раце, покажувајќи целосна недоверба во државните институции. ДУИ ја повикува владата веднаш да се освести и да преземе конкретни мерки за намалување на цените на основните производи и за заштита на граѓаните од злоупотребите на пазарот.
Оваа ситуација не може повеќе да продолжи, и време е за јасен и одговорен одговор на кризата што ја преживува народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот договор ги доделила на организации од српската заедница

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор

А1он

Ајдари: ДУИ е за една изборна единица, со отворени листи и со изборен праг од 5 проценти

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on