Глас за Македонија бара од Заев веднаш да назначи министер за финансии со врвни квалификации

Од:

ГЛАС за Македонија бара од Заев веднаш да назначи Министер за финансии со врвни квалификации. Ако го нема меѓу неговите партиски војници или блиски другарчиња, нека се охрабри и нека постави независен, квалификуван стручњак од областа на финансиите. Да не помисли да ја концентрира власта во своите раце. Македонија не е негова сопственост, ниту на неговата фамилија, ниту на неговите другари.

Премиерот Заев, со себе назначувањето за Министер за финансии чекори по патот на создавање на модел на државно уредување султанат, каде најбогатиот е Султанот, а сите други се негови поданици. Тој под свое владеење сега ќе го има и буџетот за да го распродава
на блиските и на оние кои ќе бидат со доволно свиткан рбет, за да му доаѓаат на баци-рака. А такви ќе има многу во нашата сиромашна и запустена држава, велат од ГЛАС за Македонија.

Исто така, ГЛАС за Македонија се сомнева дека дел од парите од буџетот, ќе бидат злоупотребени на претстојните парламентарни избори за поткуп на гласачи. Откога виде дека во залог за името и достоинството на Македонецот, доби студен туш од ЕУ, Заев пронаоѓа лукративни начини за да остане ултимативен господар на нашите животи.

„Дојде животот за семејството Заеви!

Истиот Заев, пред тоа, се себе назначи за претседател на Советот за судски реформи со што се обиде и официјално да стави рака врз судската власт.

Метлата која божем го мете неговиот испоганет двор, треба да започне од него. Не смееме да тонеме секој ден подлабоко, во секој поглед и никако не, во самовластие и диктатура.“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев