Ѓуровски: Политиката на неутралност не е алтернатива за Република Македонија

Од:

Научна тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“ се одржи денеска на Факултетот за безбедност во рамки на Дипломатскиот форум. На темата говорea националниот координатор за подготовка на РМ за членство во НАТО, Стево Пендаровски, професорот Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, професорот Ризван Сулејмани од Универзитет „Мајка Тереза”- Скопје и словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

Претходно поздравно и воведно обраќање имаше деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и раководителот на Дипломатскиот форум на Факултетот Жидас Даскаловски.

Ѓуровски од Факултетот за безбедност нагласи дека „НАТО и ЕУ во Македонија се мит, но тоа е единствениот кохезивен проект кој ги обединува Македонците и Албанците. Граѓаните доволно не се запознаени што е НАТО и што се добива од членството во него. Од 1990 година до денес подршката кај јавното мислење се движеше од 92 до 98 проценти поддршка кај граѓаните, тој процент е невозможен и претставува потврда дека граѓаните не се доволно информирани за НАТО. Во последните три години има опаѓање на поддршката, но ние и понатаму сме шампиони во јавната поддршка од сите 29 членки на НАТО, бидејќи нема никој повисока поддршка 62-67% проценти кои се за НАТО каде сите Албанци се изјасниле за НАТО, но помалку од половина од етничките Македонци се изјасниле позитивно за членство во НАТО. Процентот на поддршка денес е доволен, поради тоа што кај Црна Гора имаше околу 45 проценти за членство во НАТО. Рејтингот со НАТО во Република Македонија денес се поврзува и со спорот со Грција треба да се има во предвид”.

Во однос на политиката на неутралност како алтерантива на евроатланските интеграции професорот Ѓуровски од Факултетот за безбедност спомена дека „Република Македонија неможе да биде Швајцарија на Балканot поради тоа што ниту политички, ниту правно согласно меѓународното јавно право, а најмалку пак економски ги исполнува условите да прогласи неутралност, а од друга страна истата да биде призната со меѓународен договор или обезбеди гарант на нејзината одлука и територијален интегритет. Според него посебните билатерани договори за стратешко партнерство по примерот на САД и Турција кои ги има Република Македониа, може да бидат добра основа и да се потпишат такви договори за стратешко партнерство со Република Бугарија и други земји членки на НАТО, но ние за долгорочен период не претставуваат решение.

„Погледот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност и шанса за граѓаните на Македонија. Стратешката одлука за членство во НАТО одамна е донесена од страна на Собранието на РМ на 23декември 1993 година„ рече Ѓуровски. Тој меѓу другото рече „Ајде ако сакаме да ја отповикаме одлуката за членство во НАТО. Може да се повлече апликацијата ако за тоа се изјасни мнозинството граѓани. Никој во ЕУ и НАТО не ве тера со сила. Дали досега сме имале формална иницијатица, за да ја подржат 50+1 граѓаните на Република Македонија!? Не постои земја членка на НАТО која бара референдуми, зрели европски демократии не бараат да излезат од НАТО, зошто тоа после БРЕГЗИТ не го бара Велика Британија? Исланд која е членка на НАТО, а нема војска не бара да излезе„ нагласи Ѓуровски на научно стручната дебата.

Според професорот Ѓуровски заканите по безбедноста доаѓаат подалеку од границите на Република Македонија, членство во НАТО може да не подготви во справувањето со заканите, но целосно неможе ништо да не заштити. Развојот на капацитетите и размената на информациите овозможува справување со заканите. Ако Русија денес влијае на изборите во САД и Франција, нашата земја е изложена на потенцијален безбедносен ризик од асиметрични закани и проблемите може да се решаваат со партнерите. Секоја соработка со Русија според Ѓуровски е добредојдена во економијата, трговската размена, но не и замена за стабилноста и демократските вредности кои ги дава НАТО клубот. „ЕУ и НАТО се две страни на меделата и постои синергија меѓу ЕУ и НАТО. Владењето на правото, почитување на слободите и правата, институциионална функционалност се вредностите на кои треба да работиме и дома. Република Македонија нема друга алтернатива освен членството во НАТО нагласи Ѓуровски.

„НАТО е предворје за ЕУ. Членството во НАТО е цивилизациска придобивка и претставува чест и привилегија, но и обврска. Ние како да заборавивме во извршувањето на домашните задачи, тие треба да се нашата предност, тоа е нашата влезница. Новата Влада не врати на надворешната политичка сцена и не извади од изолацијата, но тоа не е доволно.Со активното присуство на меѓународната сцена станавме фактор во регионот и се враќа македонската успешна приказна. Но, имаме кадровски потфрлаања, и некако како да создаваме наместо да ги решаваме домашните проблеми и не ги решаваме.Треба работите од дома да се превземат. Каде се резултатите и треба да имаме јасни показатели. Да се вратиме на домашните задачи и да подготвиме добар домашен безбедносен систем кој прво ќе служи на нас,а потоа на Северноатланската алијанса. Како да ги заборавивме обврските. Оваа Влада доби мандат да раководи со Република Македонија за справување во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Каде се реалните резултати? , праша Ѓуровски на дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност-Скопје.

„Нерешавањето на спорот со Грција не треба да го сватиме трагично, ние треба да се посветиме на сопствениот безбедносен систем кој еден ден можеби ќе стане членка на ЕУ, а верувам ако не оваа следната година ќе биде членка на НАТО. Треба да бидеме со јасен став. Доколку се потребни остапки во спорот со Грција кои ќе доведат до промена на идентитетот и употребата на македонскиот јазик во делот на Обединетите нации не треба да така лесно да се откажуваме од името. Tреба да останеме посветени на преговарачкиот процес со Грција, бидејќи напуштањето на преговорите нема да вродат со плод. Дел од проблемот на безбедносната стабилизација на регионот е Грција бидејќи не покажува никаква глексибилност за разлика од македонската страна. Да за членство во НАТО, но не по секоја цена ако треба да остапиме од идентитетот или јазикот. Незнам чуму толку брзање рокови за решавање на спорот зошто покана може да добиеме на првиот состанок на амбсадори на НАТО. Времето не е наша предност. Да ги видиме и утврдиме добрите наши страни кои не одржаа во изминатите 25 години и да ги усовршиме„ рече Марјан Ѓуровски

Инаку според него НАТО и ЕУ треба да имаат поодговорна улога кон регионот. Може да поставуваат задачи и да го мониторираат процесот, но оваа статус кво се користи од Кина, Русија и Турција. Знаменцето од Црна Гора се обидуваат да го стават во Македонија. ЕУ на регионот покрај поставување на критериуми може преку финансиска инјекција значајно да и помогне на Македонија, на тој начин да даде имплус и испрати порака до граѓаните дека не се заборавени. Двосмерен правец сега треба да се задржи зошто ќе останеме на црвената линија на огнот смета Ѓуровски.

На крајот пак јавно праша: „Што ако не влеземе во НАТО и после јуни? Дали Македонија треба да остане на патот и дали имаме план Б. Дали имаме друга алтернатива. Ние треба да возиме во двата правца, со петта брзина кон Брисел, и другиот правец да ни бидат домашните задачи, со цел да не ги заборавиме зошто прво треба да изградиме домашен, кредибилен демократски политички безбедносен систем, владење на право, ако не сега ќе добиеме поканата за членство во НАТО во блиска иднина„ заклучи Ѓуровски.

Учесниците дискутираат за тоа дали и натаму членството на Република Македонија во НАТО треба да остане стратегиски приоритет на надворешна и безбедносна политика и кои би биле безбедносните ризици и закани по безбедноста во состојба на недобивање на покана за членство и напуштање на евроатланските интеграции како приоритет во надворешно безбедносната политика на земјава.

На дебатата во рамки на Дипломатскиот форум присуствуваат студенти, членови на академската заедница, претставниците на граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор во земјата.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството