Ѓорѓиевски: Јавноста има право да знае колку пари имаат заработено фирмите блиски на Заев и на Анѓушев откако тие се на власт

Од:

„Криминалот и корупцијата се канцер на македонското општество.

Постојат сериозни индиции за милионски криминал во повеќе сфери на општествено – економското работење во Република Македонија.

Нов таков случај за кој мора да се огласи и јавното обвинителство е случајот каде постои сериозен сомнеж и индиции дека луѓе блиски до највисоката власт, меѓу кој братот на Зоран Заев, Вице Заев се дел од голема корупциска афера“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се должат одговори на следниве прашања:

Чиј е овој камион со струмички регистерски таблици?

Дали тој е во сопственост на „Тотал инжинеринг“ каде управител и сопственик е Вице Заев?

Што бара струмички камион да вози со налепници на компанија која е во деловни односи со РЕК Битола?

Зошто на камион за кој имаме индиции дека е во сопственост на фирмата на Зоран Заев има хартиена налепница дека е на „СВ Инвест“?

И дали е точно дека овие денови се менува сопственоста на камионите, за кои имаме информации дека биле на „Тотал инжинеринг“, а преминуваат во „СВ Инвест“?

Почитувани, претходно е познато дека фирмата „СВ Инвест“ во 4 очи добива тендери од РЕК Битола за ангажирање на работници.

Дали се работи за уште еден бизнис триаголник каде луѓе блиски до власта се офајдуваат од нашите државни компании.

Криминалниот картел ја користи власта за бесрамно богатење. Нивните лични и семејни бизниси за само една година ни ја поклопија државата. Нашата јавност има право да знае колку пари имаат заработено фирмите блиски на Заев и на Анѓушев откако тие се на власт.

Нашава држава не е приватна сопственост на Заев и Анѓушев. Оваа власт мора час поскоро да си оди. Нашите граѓани немаат никаква корист од личното богатење на криминалниот картел“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси – Дали причината за пожарот на Модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие

ВМРО-ДПМНЕ: Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет