Ѓорѓиевски: Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот

Од:

Со денови одиме низ десетици населени места во државата и секаде иста слика, тага, јад и чемер. Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот, туку смрт, секојдневно убиства, запалени автомобили, грабежи, државата има нарушена безбедносна состојба, рече Ѓорѓиевски од Росомоан.

Тој вели дека откако СДСМ е на власт полицијата не им служи на граѓаните, туку на криминалот.

-Се прави криминал, од најситен до најсофистициран, гледаме како државни милионски тендери добиваат фирми на луѓе блиски до власта, лиценци за извршување дејности од кои зависи добивање на јавна исправа ново формирани фирми, и уште еден куп други апсурди. Додека ја разграбуваат државата, ги злоупотребуваат и европските вредности, под превезот на ЕУ и НАТО интеграција прават страшен криминал, но и ја злоупотребуваат нашата стратешка ориентација како држава за покривање на штетниот договор, рече Ѓорѓиевски.

Според него власта нема аргументи за клучните прашање.

– Се зборува за се, само за суштината не. Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања, кажа Ѓоргиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт