ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Од:

Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата. Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ. Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е големо, особено кај поединци како Абази, и тоа најјасно може да се види од случаите како овој со мазутот и криминалот од 167 милиони, кога наместо правдата да се истера до крај и предметот да влезе во судска постапка, тој се затвора, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Обвинителството кое го води комшијата на Ахмети, пред само една година побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката. И сега наеднаш, после година дена обвинителите од истото обвинителство под команда на Абази, одлучуваат дека немало основ и докази да продолжи постапката за овој случај, иако цела јавност виде дека станува збор за тежок криминал, перење пари и сомнежи за загадување на животната средина.

Ваквата контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Абази, кадар на ДУИ поставен во време на СДС, не може да биде базирана на правни или обвинителски аргументи, туку само на лукративно и политички основи. Затоа, прво го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во така наречениот случај „Мазут“.

Исто така и обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како утврдила дека нема никаква штета во случајот тежок 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, кога и самото ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци. И на крај, кадарот на Ахмети, Заев и Филипче, Ислам Абази да одговори, до кога планира да испочарува за ова криминално трио и наместо спроведувач на правдата, да биде џелат на правдата. Македонското правосудство мора да се ослободи од ликови како Ислам Абази, за на нивно место дојдат професионалци со морален кредибилитет и интелектуален капацитет, за кои спроведувањето на правда е на прво место. Ислам Абази треба да си поднесе оставка, за повеќе да нема контроверзни одлуки кои ги ослободуваат од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ и да почне да се враќа довербата во судството која сега е минорни 2%, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

Искра Хаџи Василева ја презеде должноста шеф на ОЈО ГОКК од Ислам Абази

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер