ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

Од:

Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само за да дојде на власт, па и по цена на штета на македонските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Филипче уште еднаш потврди дека за него поважни се туѓите интереси отколку достоинството на македонскиот народ и држава. Наместо јасно и гласно да застане зад националните позиции, тој упорно молчи пред навредите и негирањата кои доаѓаат однадвор. Наместо да се борат за македонскиот идентитет, јазик и историја, Филипче и СДС продолжуваат со сервилна политика и подготвеност за нови отстапки на штета на Македонија. Венко Филипче и СДС никогаш немаат јасен став кога Македонија е понижувана. Додека од Софија отворено се испраќаат пораки дека барањата нема да запрат тој и СДС продолжуваат со политиките на попусливост и национално понижување.

Граѓаните знаат дека токму кадрите на СДС ја донесоа државата во ситуација постојано да биде понижувана, блокирана и условувана. Наместо достоинствена дипломатија и црвени линии, СДС нудеа попустливост и молк. Филипче денес не нуди никаква визија, ниту решение за граѓаните. Неговата политика се сведува на празни изјави, калкулации и обид по секоја цена да се доближи до центрите кои бараат нови отстапки од Македонија. Затоа довербата во Филипче и СДС секојдневно опаѓа. Народот не сака политичари кои се срамат од сопствениот народ, туку лидери кои ќе работат чесно, достоинствено и исклучиво во интерес на Македонија. Токму затоа СДС е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. Токму поради поданичките политики на следните избори СДС може да исчезне од политичкиот спектар.

Македонија нема повеќе простор за политики на понижување, туку за обединување, достоинство и заштита на националните интереси.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ