Ѓорчев: Заев нема храброст да се соочи со граѓаните

Од:

Социјал демократскиот сојуз тоне се подлабоко во амбисот. Колку што СДСМ повеќе тоне, толку повеќе се обидува да ја повлече со себе и државата, максимално пролонгирајќи ја кризата. Видоа дека вандализмот, уривањето и палењето се жестоко осудени од македонскиот народ и дека поддршката за нивната деструкција буквално се намалува од ден во ден. Видоа дека цела домашна и меѓународна јавност почна да им се смее за измислените половина милион како што тие велат фантоми во избирачкиот список, откако ВМРО ДПМНЕ им предложи да понудат каква сакаат методологија за прочистување на Избирачкиот список за да се уверат дека тој е коректен. СДСМ мораше да почне да се крие, откако ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе ги прифати сите нивни услови и со тоа СДСМ стана буквално предмет на потсмев, рече Валдимир Ѓорчев.

СДСМ сфати дека нивната безидејна и деструктивна политика е прочитана од народот. Прочитана е нивната намера максимално да се одолговлекува кризата и да се бега од изборно соочување со граѓаните. На сите им стана јасно дека СДСМ по ниту една цена нема намера да дозволи македонскиот народ да одлучува на избори. СДСМ ја внесе земјава во агонија и криза и сака таа агонија и криза што е можно повеќе да продолжат затоа што немаат никаков капацитет за позитивен политички натпревар со идеи и проекти.

Затоа СДСМ постојано бега од конструктивно решение и измислува нови услови и нови ултиматуми. Поставуваат подвижни мети за да не се најде решение. Откако го загубија просторот за манипулации со избирачкиот список и откако ВМРО ДПМНЕ им понуди да одберат било каков Закон за медиуми од било која земја членка на ЕУ, само за да не излезе на избори, СДСМ реши во игра до уфрли и Уставниот суд.

Минатиов период СДСМ се закануваше дека ќе го запали Уставниот суд, дека за уши ќе ги влече и на клоци ќе ги ишутира и исфрла уставните судии. Се закануваше дека ќе составува листи на подобни за нив судии, а почнаа да поднесуваат и кривични пријави против судии за донесени одлуки врз основа на закон и врз основа на сопствено убедување.
Најновиот ултиматум на СДСМ до Уставниот суд е следниов „или судете како што ние ќе ви кажеме од СДСМ, или ќе ја замрзнеме нашата работа во Собранието и ќе ја фрлиме државата во уште подлабока криза“. Ова е невидена бламажа и невиден притисок врз судот во демократска Европа. Ова го нема ниту во една европска земја.

Замрзнувањето на нивната работа во Собранието не е добро и ја продлабочува кризата во Република Мекедонија. Со продлабочување на кризата губи народот и губи државата. Сигурни сме дека на крајот ќе загуби и виновникот за оваа состојба тоа е СДСМ.
Со најновата одлука и ултиматум кон уставниот суд, СДСМ докажа дека тие и невладините организации под контрола на СОРОС се едно исто. Останува уште да видиме дали пратениците на СДСМ ќе ги замрзнат и платите и ќе се финасираат од истиот извор од кој се финансираат и така наречените невладините организации.

ВМРО-ДПМНЕ останува конструктивна во процесот и продолжува да работи во Собранието на Република Македонија. Продолжуваме да работиме на сите проекти кои ги ветивме и кои значат просперитетна иднина на граѓаните на Македонија. СДСМ ги обвини денеска и Брима Галуп и ИРИ дека лажат во анкетите и дека СДСМ не заостанува во анкетите зад ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ја знае вистината. СДСМ заостанува во анкетите убедливо, СДСМ ја нема поддршката на граѓаните на Република Македонија и затоа на аболицираниот криминалец Зоран Заев му порачуваме да собере храброст, да потврди дека се исполнети условите за избори и да излезе на соочување пред граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања