Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ победи на претседателските и на парламентарните избори

Од:

„Татковината е во сигурни раце. Никола Груевски останува премиер на Македонија! Ѓорге Иванов останува претседател на Република Македонија“, објави вечерва Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на партиската пресконференција.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја почитува и ќе ја почитува волјата на граѓаните на Република Македонија, каква и да е.

„Стигна одговорот на граѓаните од сите општини, а тој одговор е недвосмислен – победа на коалицијата „За подобра Македонија“, рече Ѓорчев.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги освои и сите тројца пратеници во дијаспората. За изборните резултати, Ѓорчев му се заблагодари на македонскиот народ, но и на ромската заедница, на турската заедница, на српската заедница, на Бошњаците, на Власите, на албанската заедница кои живеат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз