Ѓорчев: Татко ми е во длабока кома и се бори за живот на респиратор по примената вакцина во Ниш

Од:

„Мојот татко Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев е во длабока кома и се бори за животот на респиратор. Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата“, објави вечерва на својот профил на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Д-р Анѓелко Ѓорчев е пулмолог и интернист. Неговиот син, пратеникот Ѓорчев вели дека тој загубил свест откако вчера се вакцинирал против Ковид-19 во Ниш.

„Кратко откако ја примил вакцината, му се слошило и загубил свест. Го реанимирале на лице место, па го однеле со брза помош на кардиологија, а од денес е на интензивна нега во новиот клинички центар во Ниш. Не знаеме колку долго не можел да дише. Не знаеме во која мерка му е оштетен мозокот поради немање на кислород. Сега е на респиратор, во кома. Не знаеме се уште дали се работи за инфаркт, анафилактичен шок, за редок шок предизвикан од реакција на вакцината, за комбинација од фактори или нешто трето. Сега е најважно да преживее“, пишува Ѓорчев.

Тој ја обвинува власта дека не обезбедила ниту една вакцина за најранливите категории граѓани, а изрази голема благодарност до докторите и до медицинскиот персонал на Клиничкиот центар во Ниш.

„Татко ми спасуваше и спасува животи. Има пациенти од СЕКОЈ град речиси и секое село. Низ цела Македонија, која толку многу ја сака. Да, силно ја сака Македонија и секогаш ќе ја сака со целото свое срце и битие. И, после 45 години стаж во лечење и медицина, власта во неговата сакана Македонија НЕ му обезбеди 1 (една) обична вакцина. Не обезбедија вакцини речиси за никого. Македонија немаше вакцина за старите луѓе со нарушено здравје. Тој е лекар, пулмолог, интернист, професор што предаваше на студенти, човек што лечи луѓе, се уште активен доктор, со 45 години лекарски стаж, со слабо срце. Не е само татко ми, туку НЕМА вакцини за илјадници други. Ниту за старите, ниту за медицинските работници. Поради овој дебакл, фијаско и катастрофа“, пишува Ѓорчев.

Професорот Ѓорчев отишол на вакцинација во Ниш заедно со неколку негови колеги доктори.

Неговиот син, пратеникот Ѓорчев вели дека заминал во Србија без да му каже, а откако со месеци чекал да се вакцинира во Скопје.

„Да бевме елементарно нормална држава, старите луѓе ќе беа вакцинирани уште пред неколку месеци. Тато, држи се. Ти си борец. Не се давај“, пишува неговиот син.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заради оваа катастрофална власт, Македонија исчезнува, стануваме држава без народ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември