Гир: Враќањето на јавната доверба во правосудството приоритет број еден

Од:

Враќањето на јавната доверба во судството е приоритет број еден и тука треба да дадат заложби сите засегнати страни. Функционален правосуден систем е фундаментален процес за секоја земја којашто сака просперитет, напредок, а владеењето на правото и функционирањето на правосудството треба да биде во основата на таа политика.

Ова денеска го изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“, што ја презентираа заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Гир посочи дека покажувањето силна политичка волја и заложби при справување на недостатоци во правосудниот систем, се значајни за напредок во процесот на пристапување во Европската Унија.

– Во извешајот од октомври минатата година, Европската комисија го препозна добриот напредок во зајакнување на владеењето на правото и спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, вклучително и назначување врз основа на заслуги. Тука е и законот за Јавно обвинителство што влезе во сила минатиот јуни, а којшто обезбедува одржливо решение на случаите и отчетност на кривичните дела што произлегуваат од незаконското прислушување, рече Гир.

Тој подвлече дека законот треба да обезбеди независно правосудство отпорно на надворешни притисоци, меѓутоа, како што посочи, исто така, ќе придонесе за конзистентна имплентација на принципите на транспарентност, преку кои правосудството треба да биде ослободено од ризиците и од перцепцијата за политички влијанија.

Проектот, посочи Гир, поддржува стратешко планирање во правосудството, како и подготовка на стратегија за човечки ресурси за судството и за Јавното обвинителство.

На новинарско прашање кој е ставот на ЕУ за прочистувањето на правосудството и дали е потребен ваков процес за да се подобрат одредени состојби, како во судството, така и во обвинителството, Гир истакна дека оваа реформа првенствено е во интерес на граѓаните.

– Реформата на правосудството е во основа во интерес на граѓаните, затоа што еднаквост пред законот, доверба во институциите исто така ќе придонесе и за инвестиции во земјата, затоа што секоја инвеститор сака да има клима која што е од доверба и предвидлива значи значајно е за сите аспекти, екномски и социјални, посочи Гир.

Во однос на имотната состојба и работењето на судиите и јавните обвинители, Гир исткакна дека Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Државната комисија за спречување на корупција, треба да продолжат да го вршат својот мандат за да обезбедат добар опфат на сите елементи и тоа значи обезбедување ефективно владеење на правото, добивање на јавната доверба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски