Германскиот министер за Европа бара да не се поставуваат нови услови во преговорите на Македонија со ЕУ

Од:

Германскиот министер за Европа, чија земја претседава со ЕУ до крајот на оваа година, денеска се осврна на бугарскиот документ објавен минатата недела во медиумите, во кои Софија бара нови услови за старт за преговорите со Северна Македонија.

-Конечно после долго време успеавме да оствариме напредок со Северна Македонија во Европа, германското претседателство од блиску внимава на тоа што се случува на западен Балкан. И повеќе од тоа, ние сакаме да видиме посветеност од ЕУ за западниот Балкан, западниот Балкан треба да смета на нас, изјави Рот.

Тој нагласи дека е постигнат значаен напредок под хрватското претседателство во март кога земјите членки, по повеќе одлагања, конечно се согласија да дадат зелено светло за старт на преговори со Албанија и Северна Македонија и дека целта на Германија е да се одржи првата меѓувладина конференција во декември оваа година.

-Ние себе се гледаме како чесни олеснувачи за да се изградат мостови стабилни за сите и разговараме за прашањата со нашите бугарски партнери, затоа што треба да работиме врз основа на тоа за што сме се договориле заедно, не треба да воведуваме дополнителни критериуми и услови кои не фигурираат во заклучоците на Советот (од март, нз), рече министерот Рот, кој деенска во Брисел имаше средба со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров.

Германија ги повикува сите да работат „во конструктивен дух“.

-Западниот Балкан не е нашиот заден двор, туку внатрешен двор и во интерес на сите земји членки, посебно на оние кои им се блиски соседи, да се даде европска перспектива за да стане регионот место на мир, стабилност и помирување, рече германскиот министер за Европа.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска