А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија бараат повторно враќање на визите

by А1он20/05/2013 - 12:59254
Share0

Суспендирањето на слободниот визен режим за Македонија е сеуште актуелен, иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, јавува радиото Дојче Веле на македоснки јазик.

Добивај вести на вибер

Укинувањето на слободното движење во Европа поради стотината сиромашни луѓе од Македонија кои бараат подобар живот во Германија го сметам за – авантуристички.

Алармот на министерот Фридрих го гледам само како тема која е во контекст на престојните избори. Но, до толку повеќе е загрижувачки ако се знае дека германското МВР заедно со министерствата на Австрија, Холандија и Велика Британија со писмо испратено до претседателството на Европскиот Совет бараат нова дискусија за еднострана суспензија на слободниот визен режим за Македонија и Балканот – изјавил за радиото Мемет Килич, пратеник од сојузот 90-зелени во германскиот Бундестаг.

Писмото кое е потпишано од министерот Фридрих и неговите ресорни колеги од Австрија, Холандија и Велика Британија, до Даблин било испратено на 25 април, само шест дена по неформалната дискусија за истата тема во Бундестагот.

Инаку, од последните податоци за бројот на баратели на азил од Македонија, кои за Дојче Веле ги достави германското сојузно МВР, се гледа дека состојбата е релаксирана.

Бранот е намален од ноември 2012, заклучно до април годинава. Кулминацијата, инаку, била во есенските месеци(август, септември и октомври).

viza

Би можело да ве интересира

Ројтерс: САД може да воведат такса од 1.000 долари за интервју за неимигрантска виза

Горан Наумовски05/06/2025 - 14:36

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он20/01/2024 - 12:38

Стејт департмент: Лани над 26,29 отсто од барателите од Северна Македонија за виза во САД се одбиени

Горан Наумовски17/09/2023 - 13:55

Гостиварка останала без пари: Измамничка за 1.700 евра и ветила виза за европска држава

Горан Наумовски28/07/2023 - 21:24

Геберих: Македонските работници треба да имаат признаена квалификација и понуда од работодавач доколку сакаат да работат во Германија

А1он03/03/2020 - 15:25

Воспоставен безвизен режим меѓу Македонија и Украина

Ана Ололовска23/12/2019 - 10:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен