Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Од:

Во однос на видеото коешто се шири по социјалните мрежи, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски вели дека биле некоректни и манипулативни обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ која како што вели професионално си ја врши работата.

„Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео. Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, потенцира Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Горан Наумовски

Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект

ЗНАМ: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена