Богдановиќ удри по Герасимовски: Ги пушти низ вода сите што гласаа за него во првиот круг

Од:

Чекам денес да се јават сите душегрижници кои коси кубеа за Горан како голем сдсмовец. Истите ги пушти низ вода а посебно подржувачите, членовите и симпатизерите на СДСМ во Центар. Ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг. Не е ни чудо и претходно менуваше партии. А тоа го покажуваат и бројките за листата за Град Скопје и кандидатот Каја Шукова. Од машинерија направи моторкултиватор. И тоа само со единствена негова цел и интерес, напиша Саша Богдановиќ, претходниот градоначалник од СДСМ на општина Центар.

Богдановиќ реагира на изјава на Герасимовски која ја даде во интервју. Запрашан зошто добил околу 2.500 гласа повеќе од советничката листа на СДСМ, Герасимовски посочи дека тоа е доказ дека граѓаните ја ценат неговата лична ангажираност и резултатите што ги постигнал во претходниот мандат.

„Граѓаните ја тргаат политиката настрана кога станува збор за локалната самоуправа и ја вреднуваат нашата заедничка работа. Поддршката е за човекот што четири години работеше за нив, а не за партијата. Центарците гласаа за личност, не за политика,“ рече тој.

Герасимовски доби 8535 гласови во првиот круг, а Орце Ѓоргиевски како кандидат за градоначалник на Град Скопје во Центар доби приближен резултат од 8314 гласови. Каја Шукова од СДСМ во Центар доби 5106 гласови, над 3000 гласови помалку од Герасимовски, а Мирослав Лабудовиќ како кандидат на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ доби 5707 гласови, односно помалку за 2607 гласови од Ѓоргиевски во Центар.

Би можело да ве интересира

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради Виз Ер Скопскиот маратон

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер