Георгиевски: Палевски направи весник специјално против мене, беше пријател на Црвенковски, Верушевски, Димовска, Костов

Од:

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски преку Фејсбук даде информации за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес.

„Бидејќи Љупчо Палевски-Палчо никој не го познава во Македонија, изгледа останувам единствениот кој добро го знае, a и како да не го знам човекот кој направи специјален весник за мене, СТАРТ кој траеше колку и мојот мандат, каде беа изнесувани сите дезинформации, лаги за говорот на омраза и да не зборувам за мене и блиските луѓе. Како да не го знам човекот кој како Претседател на СДСМ за град Скопје на славниот 15 септември катастрофално ме порази. Цело Скопје виде спас во него од мојата диктатура“, вели Георгиевски.

Тој посочи дека Палевски бил личен пријател на повеќемина, меѓу кои и Зоран Верушевски, Бранко Црвенковски, Доста Димовска и други лица.

„Палевски беше личен пријател на:
– Драган Стојмановски-Млекце, кој заедно со уште неколку удбаши и косовци беа на хонорарниот список кај него.
– Лазе Китановски, чиј брат работеше кај Палчо.
– Добри Величковски, за кого Палчо се фалеше дека личната архива му ја предал.
– Зоран Верушевски, нивното пријателство е легендарно.
– Душан Томиќ, на кој му се обракал со Чика и кој му ги решавал проблемите од Белград во македонското судство.
– Доста Димовска
– Бранко Црвенковски
– Хари Костов
– Страшо Гранит кој го пренесе во гепек од Грција.
Втората гарнитура не се важни во моментот. Општа констатација е дека системот на неказнивост родила монструм, но проблемот е што Македонците се заљубени во тој систем? Системот има име “Длабоката југословенска држва” и нејзиниот огранок во Македонија“, вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Уапсен е Вехид Муриќ, осомничен за тројното убиство во Подгорица: Меѓу жртвите е и српски државјанин

Горан Наумовски

Трагедија во Црна Гора: Тројца браќа се убиени во населбата Стар Аеродром

Горан Наумовски

Крвава пресметка во Загреб – млад човек од БиХ убиен со два истрела

А1он