Генерал Ширеф: НАТО ризикува нуклеарна војна со Русија

Од:

НАТО ризикува нуклеарна војна со Русија во рок од една година, доколку не ги зголеми своите одбранбени способности во балтичките држави, тврди еден од најстарите пензионирани генерали на Алијансата, Ричард Ширеф.

Тој истакна дека настаните опишани во неговата книга со фиктивна тематика, со наслов „2017: Војна со Русија“, се „апсолутно возможни“.

Генерал Ширеф, кој беше заменик на врховниот командант на сојузничките сили во НАТО во Европа во периодот од 2011 до 2014 година, изјави дека е голема можноста Естонија, Летонија и Литванија (членки на Алијансата) да бидат нападнати и оти Западот треба веднаш да дејствува за да се избегне „потенцијална катастрофа“.

– За претседателот (Владимир) Путин мораме да размислуваме врз основа на тоа што го прави, а не што зборува. Тој ја нападна Грузија, го нападна Крим, ја нападна Украина… Тој напаѓа и поминува со тоа, посочи генерал Ширеф.

Северноатлантската алијанса веќе ја засили одбраната во балтичките држави, но Ширеф тврди дека НАТО „мора да го подигне степенот на безбедност на ниво на кое ќе го натера агресорот двапати да размисли пред да одлучи дали вреди да ризикува со нападот“.

Во предговорот на својата книга, генерал Ширеф е клритичен кон неодамнешното ослабнувањето на одбраната на Велика Британија.

– Земјата, која некогаш лесно одеше и носеше голем стап, сега има гласни лидери, но благодарение на намалувањето на одбранбените капацитети, носи многу мал и импотентен стап, пишува Ширеф.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата