• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

by А1он24/06/2019 - 16:23599
Share0

ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата Заменик- министер за Образование, бидејќи не видел промени во образованието. И ние не гледаме. Освен што донеле одлуки да затворат неколку основни училишта на македонски јазик и не знаат како да одржат неколку паралелки на албански освен со уредби и наредби, тоа ќе биде сѐ од реформите во образованието! Токму за едно општество!, вели ГДУ преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Садула Дураки пак е ѕвездата во старо-новиот кабинет на премиерот Заев. Со полни гради, свеж и еколошки освестен, ќе ја има честа да оживее ново, современо и преку потребно министерство – како и да се вика!

Урбаната мафија во земјава – што и да значи овој одамна одомаќинет израз- ќе ја продолжи плодната соработка со министерот Сугаревски и разните органи во состав на Министерството кое е целосно ненадлежно за дивоградби од секаков вид и тип!

На Министерката за војна, веројатно и е потребен телескоп, затоа што ништо не и се гледа од Криволак, веројатно очекува да биде назначена за почесен амбасадор на УНЕСКО!

Конечно, сето ова не би било можно без нашиот Лорд Протектор, нашиот премиер, нашиот министер за финансии, борец, соборец на Дудуш, исповедник на Мукоски и благ но строг кон Канчевска, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

И доколку имате дилеми за културата воопштено, ви го предлагаме делото на Théodore Géricault како своевиден приказ на нашево секојдневие!

Се среди премиерот Заев во државата, животот дојде, плата од 500 евра, реформи спроведени, па останаа уште финасиите. Какво мајтапење е ова со граѓаните?

Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција.

Реконструкција за класична концентрација на моќ. Човекот за кој во биографијата стои дека е скромен, вреден, популарен отворен и храбар, освен премиер ќе ни биде и министер за финасии.

А пак Тевдовски човекот кој од Македонија ќе правеше Данска, ќе му стане советник на премиерот и министерот. Лекар ќе ја води културата, финансиски советник екологијата, а проблематичниот инженер Садула Дураку кој не се занимава со граѓаните, доби награда. Ќе го води новото министерство за политички ситем чија улога ќе биде вдомување на партиски кадри.

Колку импресивна понуда, исто како биографијата на новиот министер за финасии.

Метлата не замете, туку ги стави под тепих работите. Во Кабинетот на Заев му останаа местачите на тендери, оние кои потпишуваат договори во четири очи, функционери кои имаат афери со непотизам, министри и советници неработници.

Само за џабе Заев ја замајуваше јавноста со месеци дека ќе заиграла метлата, ќе направел суштински промени, ќе ги изметел криминалот и неспособноста. Не само што не го направи тоа, туку сега и повеќе ги загрижи граѓаните. Оти токму тој ќе управува со финансиите.

А оние функционери кога видоа колку е часот, решија сами да се заметат. ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата бидејќи не видел промени во образованието. И ние не гледаме и не само во образованието, туку и во судството и во администрацијата и во економијата.“, се наведува во соопштението на партијата.

gduZaev

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен