ГДУ: На граѓаните им е преку глава од истите ликови кои со години ги лажат дека ќе биде подобро

Од:

Вицепремиерката Радмила Шекеринска ќе рече системот е трул, „метлата“ не била доволна, морало да се раздрма цела држава. Да, се согласуваме дека треба да се раздрма цела држава, но тоа не можат да го направат транзициски политичари. Министерке, кога зборувате за системот и за тоа каков е тој, сетете се дека вие учествувате во градење на истиот, вели Граѓанско Демократска Унија, преку соопштение.

Како може тој што го создал проблемот сега да го решава? Зарем ова не е лицемерно?, прашува ГДУ.

Проблемот со администрацијата во изминатиот период наместо да се решава, се надградуваше и прошируваше. Како и за претходните, така и за оваа власт важи правилото со партиска книшка до загарнтирано место во администрација. Или пак она другото да си татко, сестра, стрина, вујна, син, на некој некој пратеник или министер, додаваат од партијата.

Промените не можат да ги направат стари, како што велат од ГДУ, истрошени и транзициски кадри кои ја опустошија земјата и ги натераа младите образовани луѓе да ја напуштат државата и да бараат иднина на друго место. Ги примораа да бегаат од својата сопствена земја во која непотизмот е секојдневие, владее криминалот и корупцијата, наместо правото. На граѓаните им е преку глава од истите ликови кои со години ги лажат дека ќе биде подобро. Но граѓаните, особено младите веќе не ви се лутат на лагите, ве игнорираат, ги пакуваат куферите и заминуваат. Ова мора да се промени.

И затоа не можеме да го сокриеме задоволството, што идеите за кои се залага ГДУ станаа дел од секојдневната политичка комуникација во земјава и перцепцијата за промени и реформи има се повеќе приврзаници. Ги охрабруваме т.н. политички фактори прво да се променат себе си, а потоа да бидат дел од промените, заклучува Граѓанско Демократска Унија.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило