ГДУ: Фала ви Петре, Наташа, Теута што се угушивме!

Од:

„Скопје нижи рекорди во загаденост и Битола се гуши во ПМ10 честички, а Петре Шилегов и Наташа Петровска си организираат дружби на кои си се смеат сами на својата неспособност и заедно со министри , директори и колеги се гоштеваат на сметка на граѓаните.

Загаденоста, комарците, проблемот со кучињата скитници се реални проблеми, а вие сте избрани за да ги решавате тие проблеми.

Господине Шилегов ако велите дека ви е добро познат муабетот дека „ништо не работиш“, тогаш зошто не ги засукате ракавите“, прашуваат од ГДУ преку соопштение.

„Скопје е шести најзагаден град во светот. Ова ли е светата должност за која зборувавте пред изборите? Ова ли е стратегијата за намалување на загаденоста? Вака ли ја замислувавте зелената европска престолнина?

Илјадници смртни случаи има годишно. Ова е алармантно.

Една година седиш во фотелја, а од 40-ина мерки за намалување на загаденоста со кои се пофали пред избори, си реализирал само една.

И не е алармантна само состојбата во Скопје и Битола, Тетово редовно високо котира на листата на најзагадени градови во Европа.

Еуроњуз ни посвети прилог: Невидлив убиец на улиците во Македонија – најзагадена држава во Европа.

Ова воопшто не е комично, ова е трагично. Не барајте оправдувања, бидејќи едно зборувавте пред изборите, друго сега.

Неколку илјади лица умираат годишно како резултат на загадениот возудх.

Спроведување мерки, а не само фалби по телевизии дека нешто ќе направите!“, се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС