ГДУ: Длабоко сме заинтересирани по кој клуч ќе се делат новите функционерски места

Од:

Граѓанско Демократската Унија преку своето денешно соопштенеи упати низа прашања до власта, за тоа како ќе се делат новите функционерски места, и дали за вработувањето пресудни ќе бидат само партиската и етничката припадност, или клучни ќе бидат роднинските врски, стои во нивното соопштение.

„Во последно време се зголеми трендот синчиња, ќеркички, браќа, сестри, внуци, братучеди и љубовници да се вработуваат под моќната капа на државата, па решивме да прашаме со време.

Дополнително, од каде ја најдовте потребата од заменик- директор буквално во секое јавно претпријатие? Кое е тоа истражување, студија, анкета кое ви потврди дека има потреба од дополнителен цел кабинет во секое претпријатие?

Зарем не гледате дека јавните претпријатија мора да се преструктурираат за да опстанат на пазарот?!

Огромен дел од нив се со блокирани сметки и наталожени долгови, кои ни Господ не ви ги враќа. Дајте да ги одведеме право во стечај или во ликвидација. Нивниот буџет е подготвен за таква статусна промена“, се наведува во соопштенеито на ГДУ.

„Функцијата заменик-директор им одговара и на едните и другите, бидејќи се иста недомаќинска сорта. Логиката е повеќе од елементарна: моментално СДСМ е на власт и ќе вработи партиски војници, заслужни за партијата, утре тркалото ќе се сврти и ДПМНЕ ќе го направи истото. На двете најголеми партии им треба напумпан административен апарат за да може да ги згрижува своите неспособни за правење на приватен бизнис кадри“, се наведува во соопштението на Граѓанско Демократската унија.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он